Видео: Девојка скока преку оградата на скопската ЗОО и ги малтретира животните

На социјалната мрежа „ТикТок“се појави видео на кое се гледа како девојка прескокнувајќи ги оградите на живеалишта ги малтретира животните во Зоолошката градина во Скопје.

-За жал оваа девојка дошла во Зоо Скопје да ги малтретира животните и да си го ризикува сопствениот живот прескокнувајќи ги оградите. Секако ќе добие соодветна пријава, затоа што ваквото однесување е недозволено.Понекогаш доволно е и една минута да немало никој во близина и да се случи ваков инцидент. Токму преку едукативни кампањи успеавме да ја покренеме свеста и поголемиот број на посетители се културни и совесни, но ете има и по некој ваков изолиран случај кој заслужува казна!, стои во објавата на Фејсбук на Скопје ЗОО.