Видео: Дел од атмосферата од дочекот на Новата година во Скопје

Вчера вечерта иако Скопје потона во магла, стотици скопјани одлучија новогодишната ноќ да ја поминат на плоштадот Македонија, а за нивогодишната забава, наместо Град Скопје, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, Мерак Меана, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други.

Досега Градот Скопје бил организатор на прославата на градскиот Плоштад на којшто во изминатите години настапија познати музички имиња од македонската и странската сцена.