(ВИДЕО) Деца качени на тротинет паѓаат на пешачкиот кај Соборна - реакции за (не)грижата на родителите!

Во Фејсбук група која тематски обединува „стари скопјани“ беше споделено видео од скопјанецот Ивица Серафимовиќ на кое се гледа како двајца малолетници на пешачкиот премин на раскрсницата кај Соборниот храм во центарот на Скопје, возејќи се на електричен тротинет паѓаат, по што стануваат и едниот од нив го зема тротинетот и излегува на улицата, надвор од пешечката патека, каде е предвиден сообраќај за возилата.

На видеото се слуша како авторот го коментира инцидентот велејќи: „кои се овие родители што вака им дозволуваат на мали деца да возат тротинет. Не дај боже да се залета некој што не гледа...и кој е после крив? Би ги поздравил родителите и секоја им чест. Браво“.

Во натписот над објавата, скопјанецот Ивица напиша: „Недај боже да поминеше во истиот момент пожарна, брза помош...или некоја будала со кола на црвено отспротива. Срдечен поздрав до нивните родители“.

Во најголем дел од реакциите во коментарите, вината ја гледаат кај родителите, поради тоа што нивните деца биле излезени доцна навечер и однесувајќи се како што не би смееле.