Видео: Дарио со нова песна и спот - „Какви се ова времиња“

„Какви се ова времиња“ е насловот на најновата песна на нашиот познат пејач Дарио кој по долга пауза се враќа со нова моќна балада за фановите. 

Музиката и текстот ги пишуваше сам, а аранжманот е на Кристијан Габроски. 
-Какви се ова времиња, на сите страни разни племиња, Мечтаевме за широки светови, а еве сме на пусти острови. За песната сними и интересен видео спот на неколку локации во Скопје, пее Дарио Панковски, а фановите „му дадоа чиста петка“ за изведбата и спотот.