
Од Општина Карпош утрово споделија дека целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу.
Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со улицата „Леринска“ до раскрсницата со улицата „Брадфорска“, во должина од 517 метри.
„Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, замена на рабниците и замена на долниот строј“, посочија од Општина Карпош.
Од Општината порачаа дека ќе продолжат да инвестираат средства во рамномерен инфраструктурен, урбан и комунален развој во сите четиринаесет урбани и месни заедници, кои се наоѓаат во нејзниот состав