(ВИДЕО) Царинската управа сподели видео од пронаоѓањето на пола милион евра кеш во специјален бункер на минибус

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на прес-конференција на која информираше за случајот.

Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Република Албанија со иницијали Џ.Г. кој управувал со минубусот е соодветно гонет, за што веќе била изречена и судска пресуда од основниот суд Куманово, се вели во објава на Царинската управа на социјалните мрежи.

Обидот бил откриен во акција на Одделението за оперативни работи на влез во државата на граничниот премин Табановце во која била извршена детална контрола на минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој биле превезувани седум патници.