
Нема Македонец кој не ја знае култната, често употрбувана реплика, на легендарниот Ванчо Петрушевски во македонските народни приказни каде „играат“ заедно со Ѓорѓи Колозов. Двојката која е легенда и прв синоним за народните приказни со кои израснаа и созреаа низа генерации.
„Бог да те чува од женска беља“, во режија на Драган Велјановски, е една од оние култни приказни чии реплики се бројни и се паметат до денешен ден, иако речи си поминаа повеќе од 35 години од нејзиното снимање.

Во продолжение ви ги прикажуваме најдобрите моменти од приказната.