Кленџик, ластик, скокање јаже, газози, шмурка, јанино, народна...овие игри некогаш беа синоним за безгрижно детство, а денес се дел од заборавот.
Ако некогаш во минатото улиците беа преполни со деца и џагор, денеска децата најчесто се пред таблетите и телефоните, а на прошетка излегуваат строго со родителите!
Ова видео ќе ве врати назад во едни безгрижни денови кога генерациите беа валкани, но среќни и весели, а не како денес поспани од светлината на паметните уреди и раздразливи од секаквите „Тик ток“ трендови!