(ВИДЕО) Без струја, греење и топла вода останале студентите во домот „Никола Карев“

Без струја, греење и топла вода останале студентите кои живеат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид.

„Струја во домот нема од утрово од 10:00 часот, и според информациите од студентите, прекинот е во целиот дом, додека во околината има редовно снабдување. До овој момент не е познато кога струјата ќе биде повторно пуштена, ниту има официјална информација од надлежните“, пренесе вчера „Студентарија“ во објава на Инстаграм.

Студентите велат дека парното греење во домот не работело подолг период, па за да се стоплат, биле принудени самите да се снаоѓаат со електрични греалки донесени од дома. Но, бидејќи останале и без струја, и тоа синоќа не било опција.

Неофицијално, студентите разбрале дека струјата е исклучена поради неплатени сметки.