Видео: Бетонска бандера можеше да предизвика трагедија

На социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое може да се забележи дека бандера со кабли за струја е падната на улица во Скопје.

За среќа, во моментот на падот немало никој во близина и била избегната трагедија, а на видеото може да се забележи како неколку лица се обидуваат да ја подигнат.

Засега не е позната причината за падот на бандерата.