
35 години собрани во еден миг. 35 години одлуки, 35 години промени, 35 години уметност, 35 години спомени.
По 10-те градови низ земјата, „Силно светнал ден“ пристигнува и во Скопје.
Вечерва бидете дел од големата прослава, 35 години независност на Македонија. Ќе се слави со музика и многу емоции.
Настанот ќе почне во 20 часот и на истиот ќе настапат повеќе од 120 артисти. Преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Според најавите, Гета ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.