Viber добива нова опција за праќање тајни пораки

Viber стартува со новата фукнциja Secret Chats со која на корисниците ќе им даде дополнителна сигурност и можност за приватност при комуницирањето.

Со Secret Chats може да поставите временско ограничување за видливоста на пораките кои потоа ќе се избришат и исчезнат.

Со новата опција на Viber пораките не можат да бидат препраќани или зачувани како screenshot и не се појавуваат како нотификација на екранот. Истовремено со тоа целата комуникација останува криптирана од крај до крај во рамките на Вибер .

Секој корисник може да води два паралелни разговори со одреден контакт или група во исто време - еден обичен разговор и еден таен разговор. Започнување на таен разговор во рамките на обичен нема да го избрише или замени обичниот разговор, а ќе се оформи како нов. Secret Chats веќе стануваат дел од мобилната апликација на Viber па проверете можеби се стигнати и кај вас.