Ви посакувам мир

Пред сè и над сè мир.
Секогаш да имате засолниште во себе, кое никој не може да го вознемири. Како мирно езеро, длабоко и спокојно. Во кое секогаш можете да се поврзете со себеси. И да се потсетите кои сте.
Посакувам да ја спознаете вашата вредност. Вистинска вредност.
И да не им дозволите на луѓето да ја обезвреднат.
Од својот круг да ги исфрлите оние кои сакаат да ве осквернават. Затоа што знаете дека и да им вратите, тоа нема да ви помогне. 

Ви ја посакувам радоста на моментот, и да сфатите колку се големи тие мали моменти. Секојдневни и непроценливи.
Затоа што утре можете да останете без нив.
Тие едноставни, а толку посебни.
Забележете ги.
Загледајте се во очите на оние кои ги сакате (и во своите во огледалото) и впијте ја магијата на моментот.

И бидете свои. Автентични.
Затоа што светот е преполн со копии, но само еден е оригиналот. Секој од нас е оригинал за себеси и како таков е посебен, па нема потреба да личиме на некој друг. И оние кои тоа го знаат, не наликуваат на другите.

Посакувам да бидете среќни. И да увидите дека можеби и веќе сте среќни, само не го гледате тоа.
Само не гледате кои сте и што сè имате.
Затоа што ве убедиле дека сè додека не постигнете уште ова или она, нема да бидете среќни.
А навистина, кога ќе застанете и малку подобро разгледате, кога ќе ги здогледате сите благослови во вашиот живот, можеби и ќе ја видите вашата Среќа...

Тука и сега.

~ Ива Брадариќ