Ви недостига ли? Чие дело беше претходниот изглед на Владата?

Стариот изглед на Владата беше едно од одбележјата на Скопје, маестрално дело на архитектот и професор Петар Муличковски. Покрај Владата, негово познато проектантско дело е и Универзитетската библиотека. 

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едо Равникар на Љубљанскиот универзитет.

Се занимава и со научноистражувачка работа и со публицистика, долгогодишен професор во областа на урбанизмот на факултетот во Скопје, каде ги пренесува искуствата од своите професионални посети на архитектонските бироа на светски познатите архитекти од САД, пишуваат во фејсбук-групата Стари скопјани