Ви благодарам што се кренавте на нозе за мене: Собрани се 90.000 евра, но недостигаат уште пари за лекувањето на Никола

Младиот Никола се врати од Турција, каде што му беа направени испитувања за утврдување на текот на лекувањето на ракот на коски.

Никола во разговор со „Фокус“ кажа дека верува во хуманоста на македонскиот народ и откри дека биле собрани околу 90.000 евра од донации, а почетната сума за лекувањето изнесува над 110.000 евра.

-Ме чека долг пат, терапии, испитувања, борба, но не се откажувам. Ќе се вратам уште посилен. Немам зборови со кои би можел да ви ја искажам мојата благодарност за тоа што ми помогнавте на било каков начин и ми дадовте уште повеќе сила, кажа Никола.

Сите кои сакаат да се вклучат во оваа хумана акција, може да донираат на телефонските линии или пак на жиро сметка.

Броеви за донирање:
143 117 Телеком
143 488 А1

Стопанска банка 200003717578051 –
Девизна сметка MK07200004066300617