Вежби против замор: Еве како да ја претворите летаргијата во енергија

Спиете доволно, здравјето ви е добро, но сепак се чувствувате исцрпено? Не сте единствени – премореноста е многу честа појава. Еве како да ја претворите летаргијата во енергија. Загриженоста, напнатоста и стресот влијаат на нас и често прават да се чувствуваме исцрпено. Бавното и длабоко дишење може да ви ја врати потребната сила.

Еве што препорачуваат експертите:

Затворете ги очите и вдишете бавно и длабоко такашто горниот дел од вашиот стомак рамномерно се крева. Замислете дека она што го вдишувате е нова сила за вашето тело. Додека вдишувате ќе имате чувство дека телото ви станува поопуштено. Замислете дека тоа е како светлина од која зрачи енергија.

Јога вежби:

  1. Со прстот притиснете ја десната ноздрва и издишете силно низ левата, а потоа преку неа повторно вдишете. Задржете го здивот на една секунда и потоа вежбата повторете ја со другата ноздрва. Почнете побавно, а потоа забрзајте го дишењето со остро вдишување и издишување, наизменично низ левата и десната ноздрва. И повторете го тоа некаколку пати.

  2. Свиткајте ги колената и лактите и вдишете. Издишете. Кога повторно ќе вдишете, со раката благо свиткана над главата, спуштете се полека, додека со струкот се префрлате на левата страна. Полека исправете се и издишете. Истото тоа направете го и на денсата страна. Повторете ја вежбата 10 до 15 пати.

  3. Вдишувајќи навалете се со главата кон стопалата. Кога ќе издишете повторно исправете се. Повторете ја вежбата 10 до 15 пати.