Вежбалните, фитнес центрите и теретаните почнуваат со работа

Се намалуваат рестрикциите.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, ова го најави министерот Филипче на својот Фејсбук профил. 

- Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата, напиша Филипче.