Ветрот сруши покрив во Карпош и оштети 5 стана (фото)

Силниот ветер кој вчера дуваше во скопски Карпош откорнал покрив на зграда на улицата Бранислав Нушиќ и додека паѓал искршил прозорци од 5 станови. 


„Им ги скрши прозорите и ролетните, стаклата се распрснати во кујните на станарите. Среќа во тој момент никој немало во кујните ниту пак некој поминал на улицата доколку било спротивно ќе имало жртви. Од ветерот летнал кровот и се удрил од зградата број 9 и почнал да се лизга и да паѓа надолу и лимот гребел по зградата. При паѓањето и кршењето на прозорите соседите претпеле голем страв и незнаеле точно за што се работи освен што виделе распрскани стакла на своите прозори. Кровот е незаконски поставен од страна на еден станар. Дали тоа може да се нарече кров е знак прашање тоа се парчиња лимови споени со по една шајка со мали штици тотално неправилно и неквалитетно поставено и направено. Ова треба секој да го знае за да се крене свеста на народот затоа што заради вакви луѓе може да има многу поголеми штети па дури и жртви.“ - објаснува еден скопјанец за Press24.