Веспрем вистински испит за Вардар

За првпат сезонава ќе гледаме соочување на најголемите фаворити за освојување на титулата во СЕХА Гаспром Лигата. Натпреварот Вардар и Веспрем почнува вечерва во 20:30 часот.

– Веспрем е моќен тим и според тие ја имаат најдобрата одбрана во свет. Во својот тим имаат крупни и паметни играчи кои прават навистина брзи акции. Имаат ракометни имиња како Палмарсон, Чема, Наѓ, па затоа според мене тие се фаворити. Тоа е силен состав кој ќе биде наш вистински испит. Ова ќе биде многу добар тест за нас, треба да се подготвиме добро ако сакаме повеќе. Јас имам доверба во момците и покрај тоа што не знам со каков состав ќе излезам на теренот. Македа сè уште не е максимално подготвен, а неизвесни се и уште неколку ракометари – изјави Гонзалез.

Главен проблем за тренерот на Вардар се, секако, повредите. Покрај неизвесниот Македа, голема е веројатноста дека Илија Абутовиќ нема да биде во ростерот на повикани играчи. „Мозокот“ на дефанзивата на „црвено-црните“ има дистирзија на десниот лакот и поради тоа го пропушти дербито со Металург.