Веспрем потврди: Врањеш си замина по поразот од Вардар

По поразот од Вардар, раководството на Веспрем се одлучило за тренерска промена, унгарските медиуми јавуваат дека Љубомир Врањеш добил отказ.

Веспрем има големи амбиции оваа сезона во Лигата на шампионите, но работите не се одвиваат според планот. Вардар го победи унгарскиот тим на негов терен, а тоа се покажа како прелевање на чашата коај раководството на клубот.

Според унгарските медиуми, Љубомир Врањеш веќе не е тренер на Веспрем, а со него во пакет е избркан и тим менаџерот, Еклемовиќ.

По три кола во Лигата на шампионите, Веспрем има само една победа, тоа е премалку за амбициите на Унгарците.