Весна се огласи на Фејсбук: Автомобилот беше оставен со крената рачна и во брзина

По автомобилската несреќа актерката Весна Петрушевска излезе со коментар на својот Фејсбук профил.

„Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба , претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема. Неисе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта (примерно сум возела покрај кеј, па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на одалеченост од кејот со дигната рачна и во брзина. Се останато има служби ќе си истражат, напиша на својот фејсбук профил, актерката Весна Петрушевска, чие возило вчера заврши во реката Вардар“.