Весна го направи последното интервју со Тоше: Има толку приказни за секоја наша средба...

Весна Петрушевска го поддржуваше Тоше уште од неговите почетоци, а беа и добри пријатели. 

Таа никогаш не штедеше и не штеди убави зборови за него, а сите се сеќаваме на нејзината „Вртелешка“, каде Тоше гостуваше повеќепати. 

Така беше и по големиот хуманитарен концерт, пред да замине во Хрватска, на патот од кој не ни се врати. Последното интервју на Тоше го направи токму Весна, без никој да помисли што ќе се случи за неколку дена. 

Денеска таа се потсети на една изведба на Тоше и Бени, исто така во нејзината емисија. 

„Оваа песна ми е особено драга од милион наши причини ...па како се договаравте да ја отпеете, многу сакав заедно нешто да направите....има толку приказни за секоја наша средба...детали, насмевки, тајни, горчини ..си ги чувам за себе така е најарно“, пишува Весна на Инстаграм.