
Познатата македонска актерка Весна Петрушевска, на Инстаграм, сподели искрена исповед од болница, каде замина на уште една операција. Како што откри, ова е четврта операција за годинава, а кон сите жени кои минуваат низ истото упати искрена и моќна порака!
- Не сте сами. Жените се најголеми борци, можат сè, се наведува во нејзината охрабрувачка исповед.
- За овие година и пол дена, сама си одам во болница, сама си се враќам, си докажувам себеси дека можам сама и дека свесно ги избегнувам оние моменти на непотребни емотивни состојби. Животот е тука да нè научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме. Ако треба да направиш операција за да бидеш подобар, зашто тоа е добро за твоето здравје, треба да го направиш, споделува искрено Весна „Бејби“.
Сподели дека единствено се плаши од игла.
- Единствено се плашам од игла, имам неверојатен страв. И одлучив да направам дневник и да го споделам, зашто многу жени имаат рак на дојка и мастектомија, поточно сите ние сме кастрирани, на најбрутален начин. Кога сте кастрирани ја губите и вашата сексуалност. Многу е чудно како се спремам. Ова ми е четврта операција за една година. Многу е чудно како сум спокојна. Полека дишам, не оптеретувам луѓе околу себе, за да кажам колку е страшно. Сметам дека тоа мора сам да го преживееш, наведува искрено Весна.
Актерката алармираше и за големата смртност од овој вид на рак во Македонија.
- Да ве потсетам дека во Македонија смртноста на рак од дојка е 99%, додека во Словенија е 1%, што значи ако го откриете на време ќе може да се спасите и тој не е животозагрозувачки. Потоа следува постмастектомска фаза, која јас ја направив по препораките на мојот пластичен хирург д-р Јасмина, која ми кажа дека треба да се прошири кожата, а потоа да се стави протеза, воедно да се изврши и масивна реконструкција за да може да се двете гради исти, од една проста причина - страда кичма, појаснува таа.