Весна Бејби со емотивна објава за колешката Кате: Прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна

Весна Петрушевска - Бејби со трогателни зборови се прости од колешката Катерина Крстева, позната како Мара Попара. 

-Драга моја Кате (сестро да ти кажам) или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија, прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку со дознавме па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна. Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна. Кате, многу ми е жал. Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти! - напиша Петрупшевска за својата колешка Кате.