Весна Бејби: Една година од кога тато отиде да им кажува скопски финти на ангелите

На 8 декември во Скопје ќе биде промовирана книгата "Скопска животна приказна" од Сашка и Кире Петрушевски, родителите на познатата актерка Весна Бејби Петрушевска. 

Kнигата која зборува за една незаборавна повеќедеценсика скопска љубов. Приказните на Кире и Сашка се сведоштво за љубовта, почитта и скопскиот шарм на нивната генерација.  

-Кај мене е првиот примерок од оваа приказна. Напишана со толку многу љубов, страст, духовитост. За едно друго време, во една друга вселена, браво мама и Боки се гледаме на промоција на 8ми декември во Trend Caffe-Аеродром 18 часот. Една година од кога тато отиде да им кажува скопски финти на ангелите. Нема подобар спомен од пишаниот збор, напиша актерката на својот фејсбук профил.