Весковски: Ги и направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме

Имаме два различни концепти. Еден којшто нѐ сплоти да протестираме и да демонстрираме против урбанизацијата, бетонизацијата. Имаме проевропски концепт, наспроти нешто што имаме веќе видено во три наврати, изјави за „Утрински брифинг“, Душко Весковски, кандидат за градоначалник на Карпош од СДСМ.

– Треба да си ги зацврстиме своите редови, ја сфативме пораката на народот, во текот на вчерашниот ден ги направивме анализите за тоа каде потфрливме и каде треба да реагираме, вели тој.

– Мислам дека имаме јасен концепт за Карпош и мислам дека сме во можност да мобилизираме и поголем број граѓани во вториот круг, вели Душко Весковски кој во вториот круг од локалните избори ќе „се трка“ со Стевчо Јакимовски од ГРОМ за прв човек на скопски Капорш.