Весело и масовни беше синоќа на големиот паркинг на спортско-рекреативниот центар „Македонија” кај „Олимпија” во Бутел.
Бутелчани се забавуваат со најголемите македонски музички изведувачи, а забавата е по повод 20 години општина Бутел. Меу присутните и првиот човек на општината Дарко Костовски.
- Благодарам мои бутелчани за оваа прекрасна прва народна вечер! Убав, весел, распеан народ кој се забавуваше во песните на вечерашните изведувачи. Влатко Миладиновски, Сузана Спасовска, Јована Богдановска, Јанко и КУД Плетеница се погрижија за незаборавна забава во нашата општина! Да си ја сакаме и негуваме нашата македонска музика! - порача Костовски по забавата.
Вечерва продолжува славењето на роденденот на општината. Денот ќе биде исполнет со забавна програма на која ќе настапат Врчак, Пајак, Таско, Куку Леле, Мелани и Марија!
Настанот е закажан со почеток во 19:00 часот, СРЦ “Македонија” (кај Олимпија-Радишани).