Веселите светилки го украсија темното скопско небо

Светилки се појавија поради задоцнетата дезинсекцијата. Пред некој ден посетителите на Градскиот парк и покрај кејот на Вардар имаа можност да ги видат овие подзаборавени инсекти, кои им измамија насмевки и убави чувства.

Речиси и да нема човек кој не уживал во глетката во долгите летни топли ноќи кога веселите светилки го украсиле темното небо со својата жолта светлина. Овие инсекти веројатно многумина ги потсетуваат на детството, кога светлината која тие ја испуштаа беше вистинска мистерија.

Инаку, светилките користат две хемикалии преку кои ја создаваат светлината, а тоа се луциферинот и луциферасот, а светлината се емитува кога овие две хемикалии ќе остварат контакт. Според "Firefly", организација која е посветена на проучувањето и заштитата на овие инсекти, светилките ја испуштаат светлината како одговор на надворешните стимуланси кои ги чувствуваат како благи вибрации. 

Светилките можат да се пронајдат пред се во шумите и во местата кои што се во сместени во непосредна близина на езера и потоци. Овие инсекти ја користат светлината за да привлечат потенцијални партнери, но и за да комуницираат со останатите инсекти. Иако многумина сметаат дека овие инсекти се муви, тие сепак припаѓаат на семејството на бубачки. 

Женките најчесто живеат на листовите од дрвјата, очекувајќи да го пронајдат својот партнер, додека пак мажите приредуваат вистинско светечко шоу, се со цел да ги привлечат женките. Овие инсекти живеат насекаде во светот, на секој континент, освен на Антарктикот. 

Се појавуваат во време кога зрее житото, живеат два-три месеца,а потоа угинуваат.Ги има над две илјади разни видови и произведуваат светлина во неколку нијанси.