Веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани, вели министерот Филипче

Пред да донесеме било каква одлука во очекување сме на клиничките студии кои ги прави компанијата „Фајзер“, но според досегашните укажувања веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани. Но, уште е рано да со сигурност да се каже тоа. Ова во денешното интервју за вестите на Сител го изјави министерот Филипче.

На прашањето за опфатот на вакцинација тој истакна дека бројката е различна во различни староносни групи, но вкупниот опфат на вакцинација со една доза помеѓу населението е 37%, 45% од граѓаните над 18 години се вакцинирани со една доза и близу 70% од граѓаните над 70 години се вакцинирани.

Тој додаде дека пунктот за вакцинација на факултетот „Кирил и Методиј„ е отворен за младите помасовно да се вакцинираат бидејќи тие често се изложени на ризични контакти.

Министерот Филипче уште еднаш потенцираше дека работата е многу сериозна и нема друг спас за излез од кризата освен вакцинација.