Веро се стекна со престижниот сертификат „Фер со потрошувачот“

Веро се стекна со ново признание за почитување на потрошувачките права, го доби престижниот сертифкат „Фер со потрошувачот“. Веро е препознаена како компанија која се грижи за правата на потрошувачите, за нивното здравје и безбедност преку фер однос и практика, поддршка при решавањето поплаки, заштита на личните податоци и приватноста, како и активности кои се применуваат за целосно потрошувачко задоволство.

Овој сертификат за Веро е потврда за работењето според највисоките стандарди кои се применуваат во развиените и модерни економии, начин на работа кој треба да биде пример што треба да го следат и другите компании.

Сертификатот „Фер со потрошувачот“ го доделува одбор за сертификација, овластено и мошне ценето сертификациско тело составено од три реномирани институции во земјава кои работат на заштита на потрошувачите и унапредување на конкурентноста на македонската економија - Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Независната асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“.

- Приоритет на корпоративната политика на Веро секогаш, пред се е задоволството и безбедноста на потрошувачите. „Потрошувачот е нашиот шеф“ е мотото на Веро од самиот почеток на постоењето и работењето во земјава и во регионот. Навистина ни е многу драго кога потрошувачите ги препознаваат нашите напори кои ги вложуваме со цел задоволување на нивните високи барања и очекувања. Кога нашите заложби ќе бидат препознаени и од надлежните институции кои се најмеродавни за нивна оцена и кои имаат долгогодишно искуство во заштита на потрошувачите права, тогаш тоа ни дава уште поголем мотив да продолжиме понатака со исто темпо. Веро секогаш е тука за своите потрошувачи, секогаш спремен да ги сослуша, да им помогне и да им излезе во пресрет и да ги исполни нивните потреби и очекувања. Нивната насмевка е тоа што нас не прави среќни – изјави Петар Денковски генералниот директор.

Веро како општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да работи за заштита на потрошувачките права и да одржува и применува фер и коректен однос со своите ценети потрошувачи и со тоа да придонесува за доброто на сите граѓани во нашата заедница.