„Веро Маркет“, поликлиника, катната гаража... Речиси цел ден ќе нема стуја во Центарот на Скопје

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (сабота) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците на Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 49 до број 53, како и објектите: Поликлиника Идадија, Веро Маркет, Катната гаража, Макпетрол, АМСМ и Клуб на пратеници.