Верижен судир во центарот на Скопје: Се судрија пет автомобила

Пет автомобили во миг се удрија на улицата 11 Октомври во центарот на Скопје, кај поранешен ЗОИЛ, пренесе порталот СДК

Верижната сообраќајка се случила на тргнување по вклучено зелено светло на семафорот на крстосницата.

Се слушнаа 4 секавични удари, се дигна бела прашина од воздушни перничиња. Сите излегоа од удрените автомобили, стоеа во редица фатени за глава, пишува порталот. 

Нема повредени, полицијата излезе на терен. 

Фото: СДК