
Голем сообраќаен метеж попладнево се создаде на улицата „Индустриска“ во скопската населба Автокоманда, по верижен судир во кој, според информации споделени на социјалните мрежи, учествувале камион и две возила.
Граѓани информираат дека на местото на несреќата има полициско присуство, а сообраќајот се одвива отежнато во правец кон Автокоманда и Ново Лисиче.
„Избегнувајте го делот кај Годи, судар камион и две коли, има полиција“, стои во една од објавите.
Според сведоштвата на граѓаните, колоните возила се протегаат сè до делот кај ОКТА.
„Голема гужва е уште, правец кон Автокоманда, споено е до Окта Ново Лисиче“, наведуваат граѓаните.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за сообраќајната несреќа.