“Вера” – нов македонски филм

На локацијата хотел “Водно” почна снимањето на краткометражниот игран филм “Вера” по сценарио и режија на Верица Недеска.

– Приказната на филмот отвора силно морално прашање за евтаназијата, како и прашањето за преземање на одговорноста како индивидуа. Раскажува за младата Ника, која е во голема дилема – дали да го роди бебето, да даде или да земе живот. Тој ден ја среќава и заборавената актерка Вера, која сака да умре…, информира Агенцијата за филм која финансиски го поддржа филмот.

Филмот е копродукција помеѓу „Стори скоп“, „Фокус покус филмс“ и Филмската академија од Охрид.
Во главните улоги се Сабина Ајрула и Симона Димковска, а дел од актерскиот тим се и Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева, Ристо Стефановски и Верица Недеска.

Кинематографер е Димо Попов, костимографијата е на Жаклина Крстевска, а сценографијата на Дејан Спасовиќ.