Венко Филипче - нов министер за здравство, а Арбен Адеми заменик министер за образование

По Венко Филипче како министер за здрваство, второ име во владиниот состав кое ќе биде пополенто е Арбр Адеми, порнашениот вицепремиер за интеграции од ДУИ.

Тој треба да дојде на заменичкото место во министерството за образование и наука. Предлозите се уште не се доставени до Собранието, но се очекува премиерот Зоран Заев тоа да го направи до крајот на неделата откако целосно ќе финишираат преговорите со Алијансата на Албанците на Зијадин Села. За Села, се уште стои понудата за вицепремиерско место за реформи и заменичко место во здравство.

Од партијата на Села пак, немаа коментар на понудата за да останат во Владата на Заев. Неофицијално Села го одбил предлогот за вицепремиерксо место, но конечната одлука дали ќе се остане во Владата треба да биде потврдена од партиските органи. Села во моментов е на патување во САД.

За пополнување остануваат уште два министерски места. Едното е за имплементцијата на правата на Ромите на местото на Самка Ибраимовски. За таму се споменува името на Аксел Ахмедовски. Второ министерско место е за странски инвестиции на местото на Разми Мерку од ДУИ. Интегративците се уште на Заев не му понудиле име за оваа министерската позиција. Велат дека се уште размислуваат кому да ја доверат оваа функција.

Според собраниската агенда, новите министри би требало да се избираат на 25 декември. Без двајца пратеници од Зијадин Села во прашање се доведува досегашното мнозинство од 62 пратеници.  Дополнително неопходно е пред изборот на министрите, на 22 декември  да биде ратификуван пратеничкиот мандат на Самка Ибраимовски.

Според неофцијалните информации на ДУИ и СДСМ,  се бара поддршка и на еден до двајца пратеници надвор од мнозинството. Не се открива дали еден од нив е и Амбди Бајрам кој во петокот се појави на седница иако колицијата на ВМРО-ДПМНЕ не учествува во работата на Собранието.