Венера во Стрелец: Интересен ноември за хороскопските знаци

Од 1 до 26 ноември, Венера влегува во Стрелец. Оваа Венера не ви дозволува да се задржувате подолго на едно место. 

Ќе ве привлекуваат далечини и ширини, сите оние работи кои се нови, неистражени и егзотични. Задоволство и среќа ќе наоѓате на патувања, во контакт со далечните личности и странци.

Имаме многу широка перспектива кога станува збор за парите. Ни помага тоа дека знаеме дека имаме избор. Тежнееме кон авантура, слобода, не поднесуваме стеги и синџири.

Ќе уживаме во односите кои ни помагаат да доживееме нешто ново и возбудливо. Уживаме во друштво на луѓето кои помагаат да се смееме, да го живееме животот со полни гради. Ќе копнееме да го подобриме квалитетот на живеење. 

Венера не сака да се врзува и задржува долго време на едно место, додека е во знакот Стрелец. Затоа и било каква љубомора и посесивност можат да ги нарушат односите или да доведат до прекин. Слободата е клучна, дозволете си ја себеси и на вашата сакана личност.

Оние кои се во врска, треба да знаат дека освен слободата, важна е и искреноста. Не си поставувајте ограничувања и бидете директни и искрени. Потрудете се да бидете разбрани од другата страна.

Оние кои се сами, би можеле да најдат љубов во странство, друг град па дури и со личност која има различни религиски и морални вредности. Уживајте во истражувањето на љубовта.

Дозволете си да мислите, верувате и да остварите сè што ќе посакате.