Венера во Риби ни носи магична љубов до 20 март

Нежната и љубовна Венера симболизира уживање и безусловна љубов.

Таа е планета на љубовта и убавината, а престојува во Риби до 20 март. Тоа ни носи искрени и нежни вибрации. Ќе бидете чувствителни и насочени кон љубовта, не само кон врските, туку и кон целиот свет околу вас. Вашата љубов ќе биде безусловна, но бидете внимателни да не се навраќате назад, на некои рани од љубовта.

Венера носи уживање во нежни моменти и романтика. Ќе се потрудите да ги сфатите своите сакани, но и да им покажете колку ви значат. Ова е и момент на простување во врските, време да се покажете најчистата страна на срцето.

Границите се замаглени кога таа е во Риби бидејќи тогаш идеализира и сонува и се бори за најдоброто. Затоа, несебично простувајте, давајте и дозволувајте. Но, не ја гледајте како слабост, бидејќи таа има огромна сила во себе. Дозволете си себеси да се заљубите во морето на емоции. 

Пробајте да ги избегнувате оние луѓе кои ја искористуваат вашата чувствителност, не гледајте наназад со розеви очила и не ја примајте негативната енергија на оние кои никогаш не сакаат да ви дадат ништо добро.

Останете заљубени, сонувајте и уживајте во овој период.