Венера во Јарец до 28 февруари: Подгответе се за тест во љубовните односи

Слободните претставници на овој знак ќе имаат контакт со бившите или ќе повторуваат одредени ситуации од минатото.

Венера влегува во знакот на Јарец и почнува сериозен период. Положбата на Венера во овој знак не е најсјајна и не зрачи со голема позитивност.

Таа носи тестирање на сите односи, дали сме зрели и стабилни и колку сме подготвени да жртвуваме за љубовта. Некои ќе доживеат љубов на далечина, некои пак ќе се одалечат од саканата личност, како без причина. Таа носи замки во кои доаѓаат големи лекции, но и раскинувања.

Некои знаци ќе се потрудат да ги средат односите од минатото, да ги завршат работите кои не се завршени. Исто така, доаѓаат и кармички средби со кои на луѓето ќе им биде судено да бидат заедно.

Периодот е одличен за правење планови и нивно исполнување.