Венера во Девица носи среќа за три хороскопски знаци

Венера ќе престојува во знакот Девица од 21 јули до 16 август.

Планетата на љубовта ни носи неверојатни промени на ова поле, носејќи ни благослови, романса и авантури. Сега таа престојува во знакот кој е поврзан со достигнувањата и совршеноста. Девиците секогаш точно знаат што сакаат и се прецизни и ориентирани кон деталите. 

Ова е период кој носи среќа за Девиците, но и за Биковите и Јарците.

Бик

Ве очекува убаво расположение, а сега сфаќате каква промена ви е потребна. Не чекате да се случи ништо одеднаш, туку сфаќате дека она што го сакате зависи од вас. Тоа е вашето гориво овој период, кога ќе излезете од својата школка и ќе посакате да се изборите за љубовта. Ако сте во врска, точно знаете што предизвикало проблеми во љубовниот однос и подготвени сте да работите на нивно решавање, а слободните претставници на овој знак ги очекува романтична ситуација која го менува вашиот живот на подобро.

Девица

Девиците ќе бидат најпогодени од ваквиот транзит со оглед на тоа што Венера престојува во нивниот знак. Ова е период кој ќе го подобри вашиот љубовен живот, без оглед на тоа дали сте во врска или не. Што и да се случува, ќе се случува во согласност на вашите очекувања. Ќе бидете нежни, искрени и отворени за љубов. Слободните Девици веќе не се враќаат во минатото, туку одат напред кон нови љубови, познанства и авантури.

Јарец

Венера во Девица им носи едноставност на Јарците, а тоа е нешто на што тие се надевааат веќе долго време. Го оставивте минатото зад себе, а сега сте посветени на она што е присутно во овој момент и што вреди да биде до вас. Подготвени сте да водите искрени разговори, да се посветите на љубовта, а Венера ве поддржува и ви носи можност да најдете баланс меѓу срцето и умот. Ве очекува одличен раст на ова поле.