Венера го почнува своето директно движење: Ни доаѓаат убави вести за сите хороскопски знаци

Дали ви изгледа дека љубовта можеби малку затаи во последно време? Виновна за тоа е Венера која се движеше ретроградно и правеше проблеми во комуникацијата меѓу нас.

Но, време е да здивнеме. Венера го започнува својот директен од и прави да се соочиме со себеси, но и да се бориме за љубовта. Многу астролози препорачуваат дека време е да се посветиме на оние кои ги сакаме, да им покажеме колку ни значат и да ги искористиме лекциите кои ги научивме во изминатиот период.

Ретроградната Венера често потсетува на проблемите од минатото, бидејќи се враќа наназад кон својата орбита. Можно е некои од нас да сретнеа некои љубови од минатото, да добиле повик од сакана личност која веќе не е со нив или пак да ги запечат некои стари рани. 

Но, директната Венера носи подобра комуникација со партнерите. Таа носи отвореност и искреност и заедничко решавање на проблемите. Подготвени сте да ги забележите и прифатите своите грешки, но и да се извините. Време е да почнете да ја сложувате сложувалката на љубовта и да добиете појасна слика пред вас. Следи безгрижен романтичен период.

Ќе бидете подготвени да формирате нови, здрави граници во односот со саканата личност. Директната Венера е почеток на моќен љубовен живот. Некои од нас ќе успеат повторно да ја вратат блискоста во врската, но сепак оние врски кои се неодржливи ќе бидат прекинати. Кога тоа ќе се случи, бидете сигурни дека така треба да биде.