Велосипедските патеки исцртани на коловозот со полна линија, но и оние над него во вид на тротоари, често не се почитуваат од возачите на автомобили. Иако таа патека е наменета за велосипеди и постојано треба да е слободна, проодна, како и останатиот дел од коловозот тоа во пракаса не е така па дел од возачите ја користат за повремено паркирање или запирање на возолото.
Велосипедистите често пати реагираат до сообраќајната полиција но додека таа дојде состојбата на терен се сменила па несовесниот шофер си завршил работа и се одалечил од местото.
Доколку сакаме Скопје да се декларира како велосипедски град тогаш вакви појави не треба да се толерираат. Очигледно е и дека фали едукација на сите за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот со сите други превозни средства, идеја која локалните власти треба што поскоро да ја реализираат.