Велосипедистка тешко повредена во Прилеп, во неа удрил 72-годишен возач

Велосипедистка од Прилеп е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосница во градот.

Според информациите од полицијата, вчера, во 08:25 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улиците „Мирче Ацев“ и „Трајко Тарцан“ патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (72) од Прилеп, удрило во велосипедистката К.Д. (51), исто така од Прилеп.

По несреќата, велосипедистката била пренесена во Градската болница во Прилеп, каде лекар констатирал тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.