
76-годишник од Кавадарци е тешко повреден откако со велосипедот се судрил со возило чиј возач избегал од местото на несреќата.
- На 30.09.2026 околу 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат село Марена-село Сопот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и велосипед, управуван од Б.А.(76) од село Марена, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Кавадарци, информираа од МВР во дневниот билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.