Велосипедист прегазил старец на скопска улица, па избегал

Велосипедист прегазил старец на скопска улица, а по несреќата избегал од местото. 

- На 10.06.2026 во 18:50  часот во СВР Скопје е пријавено дека на  ул.„Народен фронт“ во Скопје велосипед удрил во пешакот Х.А.(83) од Скопје, по што велосипедистот го напуштил местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Х.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје, информираа од полицијата. 

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.