Велосипедист повреден во сообраќајка кај Хиподром

Вчера во 08,40 часот на локалниот пат Скопје-населба Илинден, во близина на Хиподром, товарно моторно возило “Мерцедес“ со скопски рагистерски таблици управувано од Д.Д.(33) од Велес удрил во велосипед управуван од С.Ј.(71) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила С.Ј. која  со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и биле констатирани  тешки телесни повреди и била задржана за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје.