Велосипедист повреден во сообраќајка

На 06.11.2020 во 17:30 чaсот било пријавено дека на регионален пат с.Долно Лисиче – с.Јурумлери, патничко возило „мазда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(26) од с.Долно Лисиче удрило во велосипед, управуван од Д.Ј.(67) од с.Јурумлери.

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.