Велосипедист од Скопје заврши во болница откако бил удрен од „мерцедес“

Велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен  од возило на скопска раскрсница. 

 - На 02.12.2024 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Рокомија“ во Скопје, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(41) од село Брест, општина Чучер – Сандево, удрило во велосипед, управуван од Р.Р.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, стои во полицискиот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.