Велосипедист од Скопје тешко повреден во сообраќајка - итно префрлен на Клиника

Вчера во 18.00 часот на улица „Никола Тесла" во Скопје патничко возило „Мазда" со скопски регистарски ознаки, управувано од 69- годишниот  Г.Г од Скопје, удрило во велосипед управуван од 29- годишниот Д.Љ од Скопје.

Од ударот со повреди се здобил Д.Љ., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.