Велосипедист од Скопје тешко повреден откако бил удрен од камион

На 21.09.2021 во 11,30 чaсот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(44) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Д.Т.(40) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настнот од увидна екипа од СВР Скопје.