Вељушкиот манастир – божја убавина стара 1000 години

Место кое зрачи со посебна убавина, блескавост и непроценлива светост. 

Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ се наоѓа во селото Велјуса на околу 7 км. западно од Струмица и е подигнат на бигореста карпа. Основан е во 1080 година од сопствени средства на монахот Мануил, кој подоцна станал струмички епископ. 

Оваа црква го зазема едно од најзначајните места во црковната и културната историја на Македонија.

На еден од ѕидовите на црквата има претстава од македонскиот крст или наречен Вељушки крст. Овој крст претставува варијација на христијанскиот крст, воглавно поврзан со Македонија и е симбол на Македонската православна црква. 

Продолжен викенд е пред нас, а тоа е одлично за да се прошета на маеста на кои не сте биле досега, а се вредни да се посетат. Посетете го манастирот, почувствувајте го мирот и уживајте во прекрасната природа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Goran Buov (@goranbuov)